
Селена Гомез изгуби 715 илјади следбеници по објавувањето на видео во кое го критикува Трамп
Пејачката и актерка Селена Гомез изгуби повеќе од 715 илјади следбеници на социјалните мрежи откако објави видео во кое емотивно реагира на одлуките на Доналд Трамп во неговата прва недела како претседател. Таа изрази загриженост за депортацијата на мигрантите, велејќи дека чувствува беспомошност и дека ќе се обиде да направи нешто за да помогне.
Препорачано
Според платформата Social Blade, во изминатиот месец бројот на нејзините следбеници значително опаднал. Иако не е потврдено дали тоа е директно поврзано со видеото, Селена набргу го избриша и наместо него објави црна слика со порака дека „очигледно не е во ред да се покаже сочувство кон луѓето“.
Трамп ја заострува имиграциската политика
Според податоците на ICE, во изминатата недела над 1000 лица биле депортирани или вратени во нивните матични земји. Трамп состојбата на границата со Мексико ја нарече „национална криза“ и нареди дополнително воено обезбедување.
Покрај тоа, тој ги класифицираше мексиканските наркокартели како „терористички организации“ и најави мерки за ограничување на автоматското добивање државјанство за децата на недокументирани имигранти родени во САД.
Ким Кардашијан исто така загуби следбеници
Селена Гомез не е единствената славна личност што се соочи со пад на популарноста поради содржини поврзани со Трамп. Ким Кардашијан минатата недела изгуби речиси 150 илјади следбеници откако на Инстаграм објави фотографија од облеката на Меланија Трамп на инаугурацијата.
Иако Кардашијан никогаш не откри за кого гласала, дел од публиката нејзината објава ја протолкува како политичка порака.