Сексизам протест/ Фото Valeria Mongelli / AFP / Profimedia

Сексизмот во Франција сѐ уште е сериозен проблем

Сексизмот во Франција и понатаму е на алармантно ниво во сите области, а ситуацијата се влошува, особено за помладите жени, се наведува во официјалниот извештај на францускиот Висок совет за еднаквост меѓу мажите и жените (ХЦЕ).

Во извештајот на ХЦЕ се посочува дека жените се цел на нови форми на вознемирување, вклучително и онлајн насилство, вербална злоупотреба на социјалните мрежи и порнографија со „варварска” содржина.

Резултатите од анкетата спроведена од Високиот совет за еднаквост помеѓу мажите и жените, на примерок од 2.500 луѓе, покажуваат дека сексистичкото однесување се зголемува во „сите сфери”, при што многу мажи веруваат дека насилното и дискриминаторско однесување е прифатливо.

ХЦЕ посочува дека ситуациите на „дискриминација, насилство и вознемирување достигнале загрижувачки размери”.

Според истражувањето повозрасните мажи често имаат конзервативни ставови кон машките и женските улоги во општеството, додека помладите мажи повремено покажувале агресивни мачо тенденции.

Кај жените на возраст од 18 до 24 години, 22 отсто изјавиле дека претрпеле „психолошка контрола или прекумерна љубомора” од партнерот, а 15 проценти биле тепани од партнер или поранешен партнер, како и 20 отсто од жените на возраст од 50 до 64 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!