Секоја роза носи посебна порака! Еве што им порачувате на мајките, сопругите, девојките, пријателките кога им давате роза за 8 Март!

Секоја роза со себе носи посебна порака, која можете да ѝ ја испратите на онаа за која е наменета, а да не знаете дека тоа сте го направиле. Затоа, добро размислете која боја е најдобро да се избере.

Жолта роза
Симболиката на жолтата роза може да претставува задоволство или љубомора, или дека некој сака да ви биде само пријател.

Бела роза
Наклонетост и почитување. Оваа боја симболизира чистота, смиреност и искреност.

Розева роза
Восхит, благодарност. Оваа боја симболизира женственост, отменост и со неа се искажува чуство на среќа.

 

Портокалова роза
Фасцинираност. Се работи за боја која открива желба за некого.

Роза со боја на праска
Симпатија. Но исто така и одраз на скромност и благодарност.

Виолетова роза
Восхитеност. Покажува дека се работи за љубов на прв поглед.

Црвена роза
Само една црвена роза обично ја симболизира љубовта, но ако добиете темноцрвена, тоа може да значи дека тој што го дава подарокот верува дека сте страмежливи и дека ви треба поттик за повеќе самодоверба.

Темноцрвена роза
Несвесна убавина. Ова по значење е посуптилна нијанса на црвена роза.

Сина роза
Нешто невозможно. Имено, оваа боја не постои во природата, туку е вештачки креирана.

Овената роза
Нема многу дилема околу тоа што значи кога ќе добиете овената роза.
„Не сакам повеќе да те видам“, најубаво кажано…

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот