Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Сеќавање на нашиот принц од „Во светот на бајките“: 25 години без познатиот актер Игор Маџиров
На денешен ден, пред 25 години почина познатиот македонски актер Игор Маџиров. Тој беше еден од најталентираните и најхаризматичните актери во Македонија.
Препорачано
Игор Маџиров е роден во 1970 година во Струмица, познат по улогите од серијалот „Во светот на бајките” во кои го глумеше „Малиот Петар”, „Петар Гаван”, улогата во „Пред дождот”, но и многуте улоги во Театарот за деца и младинци.
Меѓу 60-ина кандидати режисерот Милчо Манчевски му ја додели улогата на Стојан во најнаградуваниот македонски филм „Пред дождот“, кандидат за највисоката холивудска филмска награда Оскар.
Јавноста го памети Маџиров и како актерот со црвена коса, Могли – детето од џунглата, а првата улога како седумгодишно дете ја добил во филмскиот серијал „Белото циганче“.
Претставата „Убавицата и ѕверот“ во Театарот за деца и младинци беше последна за него, кога својата улога ја одиграл само осум часа пред неговата смрт. Во Театарот за деца и младинци во периодот од 1993 до 2000 година Маџиров одиграл над 500 претстави.
Почина во Скопје на 20 февруари 2000 година. Иако, принцот со црвената коса прерано нè напушти, никогаш нема да нè напуштат убавите сеќавања од неговите актерски подвизи .
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
18мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5