Фото: ЕПА

Сега е само Џоли! Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално се откажа од презимето на својот татко

Ќерката на поранешната брачно-актерска двојка Анџелина Џоли и Бред Пит, 18-годишната Шајло, официјално се откажа од презимето на нејзиниот татко, пишува американскиот портал ТМЗ. Отсега па натаму, нејзиното име е само Шајло Џоли.

Шајло во мај поднела барање легално да се откаже од презимето на нејзиниот славен татко, откако тоа неофицијално го сториле нејзините сестри Захара и Вивиен. Но, поради грешка во судот, постапката траеше подолго, па рочиштето беше одложено во јули. Вчера се одржа ново рочиште и Шајло официјално го смени презимето во Џоли.

Шајло неодамна објави во „Њујорк тајмс“ дека се откажува од презимето на нејзиниот татко. Според законот во Калифорнија, лицето што го менува своето име мора да го објави барањето во локален дневен весник. Во исто време, тоa е првото дете на Бред Пит и Анџелина Џоли кое се откажа од врската со неговиот татко на суд.

Пит со години нема никаков контакт со синовите Медокс и Пакс. Наводно, Џоли поднела барање за развод токму поради конфликтот на актерот со Медокс во приватен авион, кој потоа сакал да ја брани својата мајка.

Според медиумите, Анџелина Џоли покрена постапка за развод од Бред Пит во 2016 година. Анџелина ги наведе непомирливите разлики како причина за барање развод и веднаш побара целосно старателство над децата. Тогаш нејзиниот адвокат Роберт Офер во изјава рече дека „одлуката на актерката е донесена за здравјето на семејството“. Бред изјави дека разводот го растажил, но сакал да ја заштити приватноста на своите деца.

Разводот на крајот беше финализиран во 2019 година, бидејќи дополнителните детали полека излегуваа. Излегува дека парот цело време бил во интензивна битка за старателство. Бред барал заедничко старателство над децата, наспроти инсистирањето на Анџелина на единствено старателство, со тоа што тој имал само права за посета.

Се вели дека двојката постигнала спогодба во 2018 година, кога адвокатката на Анџелина, Саманта Бли ДеЖан, за Ројтерс изјавила дека „договорот за старателство бил постигнат пред неколку недели и потпишан од двете страни и од судијата“. Сепак, правната битка продолжи до ден-денес, со различни пресврти.

Уште едно дете се откажа од Бред Пит: Ќерката Вивиен повеќе не го користи неговото презиме

ВИДЕО | Неверојатна хемија: Бред Пит и Пенелопе Круз снимија краток филм за „Шанел“

Уште едно дете се откажа од Бред Пит: Ќерката Вивиен повеќе не го користи неговото презиме

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот