Серхио Агуеро вчера и официјално стави крај на професионалната кариера поради срцеви проблеми/ фото: EPA-EFE/Andreu Dalmau

Сега е појасно зошто Агуеро мораше да се пензионира

Серхио Агуеро вчера и официјално стави крај на својата професионална кариера поради проблемите со срцето. Аргентинецот ја заврши кариера на само 33 години, но според еден од главните кардиолози кои се грижат за здравјето на Аргентинецот, тоа е единствена одлука.

Докторот Мигел Вегас го следи здравјето на Агуеро уште од 2004 година, кога фудбалерот за прв пат почувствува болки.

– Агуеро има таков тип на аритмија кој во некои случај може да доведе до прекин на работата на срцето. Таквата аритмина не може да се развие кај „обичните“ луѓе и таа е карактеристична за спортистите чие тело со години е изложено на големи напори. Агуеро има мала лузна на срцето, таа е пократка од еден милиметар, но создава аритмија. Тоа може да се реши со вградување на катетер по што Агуеро ќе може да живее нормално и само реакреативно да спортува. Професионалниот спорт е нешто поинаку, тоа се неколкучасовни напори секој ден и за такво нешто Серхио не е подготвен. Крајот на кариерата беше единствената одлука која мораше да ја донесе бидејќи можеше да биде и полошо доколку продолжеше со професионалниот фудбал – изјави докторот Варгас.

Серхио Агуеро во кариерата настапуваше за екипите на Индепендиенте, Атлетико Мадрид, Манчестер сити и Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!