Фото: EPA/EFE / илустрација

Седуммина Турци и шест Турчинки се уапсени во Грција, носеле 147 пиштоли за бандата „Далтони“

Седуммина мажи и шест жени, сите од Турција, вреча биле уапсени кај гратчето Суфли на североистокот на Грција, откако кај нив биле пронајдени вкупно 147 пиштоли и големо количество муниција, јави „Катимерини“.

Тие ја преминале граничната река и илегално влегле во земјата, пишува грчкиот весник.

Медиумите, повикувајќи се на полициски извори, пишуваат и дека грчките полицајци специјализирани за борба против организиран криминал претходно добиле информации дека криминалци со оружје ќе се обидат да влезат во земјата. Тие поставиле заседа, а оружјето било пронајдено сокриено во близина.

Полицијата смета дека пронајдените пиштоли требало да стигнат до членови на озлогласената турска банда „Далтони“ во Грција, но и во други европски земји, како Шпанија.

Турска мафија ровари во Грција, „Далтони“ пукаа врз грчки агенти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот