Фото: МИА

Седумгодишно девојче почина во тетовската болница

Почина седумгодишно девојче кое било на болничко лекување во Клиничката болница Тетово. Според информациите од болницата, девојчето од тетовското село Челопек било примено на Одделението за педијатрија во саботата во 20.40 часот, а починало во неделата.

„Пациентката беше примена на Одделението за педијатрија на датум 20.09.2025 во 20:40 часот навечер, и веднаш беа преземени сите неопходни мерки согласно важечките медицински протоколи со цел поставување на точна дијагноза. Од моментот на приемот, беа преземени сите потребни медицински мерки соодветни на нејзината здравствена состојба, вклучително и интензивна рехидратација, согласно професионалните и клинички насоки“ информираат од Клиничка болница.

Со цел понатамошен третман, била побарана помош од Одделението за оториноларингологија (ОРЛ) за дополнителна интервенција.

„Била побарана помош од ОРЛ за аспирација на секрети од усната шуплина. За жал, за време на интервенцијата, пациентката не покажа знаци на реакција, по што беше итно префрлена на Одделението за анестезија, реанимација и интензивна нега, каде што беа преземени сите мерки за реанимација. И покрај максималните напори на медицинскиот тим, пациентката почина“ соопштуваат од Клиничка болница Тетово.

Оттаму велат дека заради целосна транспарентност и расветлување на причините за смртта, болницата побарала извршување на судско-медицинска обдукција, но дека родителите одбиле.

„Изразуваме искрено сочувство и длабока тага до семејството во овие исклучително тешки и трагични моменти“ се вели во соопштението.

Од Болницата велат дека се подготвени за соработка со надлежните институции за секое дополнително појаснување поврзано со овој случај.

Јавен обвинител од ОЈО Тетово веднаш по настанот беше известен дека има инцидент со оштетување на имот на болницата. Откако ја утврди причината за инцидентот, обвинителот веднаш уште вчера издаде усна, во утрово и писмена наредба за обдукција на телото на починатото девојче, велат од Јавното Обвинителство. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот