Фото: Принтскрин / илустрација

Седумгодишно дете почина по операција на крајници во Хрватска

Седумгодишно дете починало во КБ „Свети Дух“ една недела по операција на крајници, потврди директорот на болницата, д-р Игор Алфиревиќ, пишува  „24 сата хр“.

– За жал, точни се информациите дека во четвртокот, 25.07.2024 година, по реанимација, во Клиничката болница „Свети Дух“ починало детенце. Детето, седум дена по операцијата на крајниците на Клиниката за оториноларингологија и хирургија на глава и врат и шест дена по отпуштањето од болница, во раните утрински часови почина на Институтот за итна медицина. Детето било донесено без витални знаци – велат од болницата.

Болницата веднаш го известила Министерството за здравство, како и Втората полициска станица Загреб – Чрномерец. Поведена е постапка за внатрешен надзор, со цел да се истражат сите околности на случајот. Телото е пренесено во Институтот за судска медицинска обдукција на Медицинскиот факултет во Загреб, за да се утврдат точните причини за смртта.

Истрагата за смртта на детето е во тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!