
Седум трикови како да ги ублажите црвенилото и чешањето по убод од комарец
Откако ќе нè касне комарец, тој остава плунка што предизвикува здодевно чешање. За веднаш да го ублажите ова непријатно чувство, можете да нанесете на местото на каснување кое било од овие седум евтини помагала што веројатно ги имате дома.
Препорачано
1. Медицински алкохол
Алкохолот, како и производите со висока содржина на алкохол, како што е средството за дезинфекција на раце, имаат антисептичко дејство, што значи дека каснувањето од комарец нема да се инфицира.
2. Оцет
Киселината во оцетот ќе го запре чешањето. Едноставно ставете малку оцет на памукче и нанесете го на каснувањето.
3. Паста за заби
Ментолот во пастата за заби на кожата ќе создаде чувство на ладење што мозокот го регистрира многу побрзо од чувството на чешање. Исто така, киселоста на пастата за заби ќе го намали отокот.
4. Кора од банана
Нежно истријте го местото на каснување со кора од банана. Шеќерот во кората ќе ја смири кожата и ќе ја апсорбира течноста од каснувањето.
5. Сок од лимон или лимета
Благодарение на неговите антибактериски и антимикробни својства, мала количина свежо исцеден сок од лимон или лимета може да го намали чешањето и да спречи инфекција. Користете го овој метод само ако не сте изложени на директна сончева светлина, во спротивно може да се формира плускавец на местото на каснувањето.
6. Мраз
Како и кај изгорениците, мразот го намалува отокот и го „замрзнува“ местото на каснувањето од комарец, давајќи ви барем привремено олеснување.
7. Сода бикарбона
Својствата на содата бикарбона ја неутрализираат pH вредноста на кожата, со што се обезбедува олеснување од чешањето. Растворете мала лажица сода бикарбона во чаша вода. Натопете крпа во растворот и покријте го каснувањето со неа кратко време.