коронавирус
Илустративна фотографија / Фото: ЕПА

Седум случаи на магарешка кашлица во Македонија, доктори во Србија советуваат вакцинирање на секои 10 години

Во регионот владее магарешка кашлица, болест предизвикана од бактериска инфекција, а за која вакцинацијата е клучна. Во земјава има 7 регистрирани нови случаи годинава, а меѓу нив е и двомесечно бебе. Во Србија, пак, од голема кашлица починаа четири деца, додека едно е на респиратор во тешка состојба. Институтот за јавно здравје прогласи епидемија на голема кашлица во Белград.  Според последните податоци, во моментов во Србија има 70 заболени деца од оваа опасна респираторна инфекција, а речиси половина од нив се хоспитализирани.

Токму тоа што зголемувањето на заболени дечиња е во предвакциналната возраст, значи дека е важно другите кои се на возраст кога може да се вакцинираат тоа да го сторат.

Мондо пишува дека епидемиолозите советуваат ревакцинација против голема кашлица секои 10 години, иако тоа во Србија не е одобрено, исто како и во Македонија. Во Македонија вакцината ди-те-пер (дифтерија, тетанус и пертусис) е одобрена во редовниот календар за имунизација и се прима на 2, 4, 6 и 18 месеци и на 7 години.

– Од почетокот на годинава во земјава се регистрирани седум случаи на пертусис. Кај нас вакцината не се препорачува на секои 10 години туку кај децата кои се во најголем ризик, па затоа и така се распределени дозите на тие возрасти. Дополнително, се вакцинираат бремените жени за да се пренесе имунитетот на децата. Вакцинацијата е најдобра превенција, изјави за „Слободен печат“ портпаролот на Комисијата за заразни болести, доктор Злате Мехмедовиќ.

„Магарешката кашлица“ или пертусис е бактериска инфекција што ги зафаќа дишните патишта. Вакциналниот опфат под 85 проценти во земјава е проблематичен, затоа што за да се спречи епидемија треба да биде над 95 проценти. Дотогаш невакцинираните или децата кои се премлади за да примат вакцина остануваат во ризик. Опфатот со вакцина против пертусис во Македонија за првите три дози во првата година е под 90 проценти, а на година и половина (ревакцинација) е 69 проценти.

Оваа бројка е ниска и придонесува да расте ризикот од голема кашлица. Здравствените власти препорачуваат сите бебиња од два месци да почнат да ја примаат вакцината, исто како и тие на 4 и 6 месеци зашто тие се најризични и може да добијат тешка клиничка слика.

Во Србија од 2025 година во задолжителниот календар за имунизација ќе биде додадена уште една вакцина против голема кашлица за децата во 8 одделение.

– Децата на таа возраст сега примаат само ревакцина против дифтерија, ама не и против пертусис. Од следната година тоа ќе се смени и ќе се воведе задолжителна трета ревакцина која очигледно е премногу потребна. Се надевам дека кога државата ќе ја воведе оваа ревакцина за осмоодделенците, ќе се набават и повеќе залихи и ќе се обезбедат и аптеките, така што и возрасните би можеле да ја купат и да се вакцинираат, вели за „Мондо“ доктор Ивана Беговиќ Лазаревиќ, специјалист по епидемиологија во Градскиот завод за јавно здравје во Белград.

Во земјава за еден случај на магарешка кашлица познато е дека е увезен од странство.

Голема кашлица – опасна и многу заразна болест

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот