Фото: Pexels / Scott Webb

Седум намирници за зајакнување на либидото и расположението

Некои од намирниците кои се сметаат за афродизијаци може да ве изненадат. На пример, чоколадото – кое луѓето го поврзуваат со романса некое време – не е на списокот. Тоа е затоа што речиси и да нема истражување за неговите вистински афродизијачки ефекти, а студијата која ги тестирала чоколадото и женското либидо покажа дека откако биле приспособени сите фактори на податоци, немало разлика во либидото помеѓу оние што јадат чоколадо и оние што не јадат чоколадо. Од друга страна, на листата се и авокадото, кое веруваме дека повеќето од вас ни малку не би го поврзале со романса, пишува „Ит дис нот дет“.

Остриги

Нема ништо секси во јадењето остриги, а сепак, тие е несомнено еден од најпознатите афродизијаци. Според докторката Лиза Јанг, остригите ја добиле ласкавата титула за засилувач на либидото бидејќи се богати со цинк, кој може да игра улога во регулирањето на производството на тестостерон. Друга врска помеѓу остригите и либидото е дека цинкот што тие го содржат го подобрува нивото на допамин во телото. Допаминот е невротрансмитер кој е поврзан со вашите чувства на задоволство, а студиите покажаа дека постои врска помеѓу допаминот и сексот во смисла на подобрување на еректилната дисфункција.

Шафран

Ако не сте готвеле со шафран – зачин кој се користи во многу индиски и марокански јадења – пропуштате многу поради две клучни причини. Како прво, не само што додава вкус на вашата храна, туку е откриено дека шафранот има и афродизијачки својства.

Во една студија во Фитомедицина, на група мажи кои имале еректилна дисфункција (ЕД) им давале пилула шафран од 200 милиграми секое утро во текот на 10 дена. По 10 дена, илое откриено дека таблетите шафран позитивно делуваат на случаите на еректилна дисфункција. Поточно, го зголемиле бројот на ерекции и времетраењето на секоја од нив.

Авокадо

Според Јанг, можеби ќе сакате да направите дополнително гвакамоле или да додадете неколку парчиња замрзнато авокадо во вашето следно смути. Овие плодови содржат здрави незаситени масти, а вклучувањето здрави масти во вашата исхрана е важно за здравјето на хормоните.

„Авокадото содржи и Б-витамин фолат, кој создава хистамин, соединение кое се ослободува за време на оргазмот или кога некој е возбуден“, вели Јанг.

Ф’стаци

Една мала истражувачка студија покажа дека ф’стаците може да содржат својства слични на афродизијак. Сепак, студијата се состоела од само 17 машки учесници, така што дефинитивно се потребни повеќе истражувања на оваа тема.

Сите мажи кои учествувале изјавиле дека имале еректилна дисфункција најмалку 12 месеци. Секој јадел по 100 грама ф’стаци секој ден во текот на три недели, а на крајот од студијата, нивната еректилна дисфункција се намалила. Не само тоа, туку и холестеролот („лошиот“ вид) се намалил.

Мака

Замислете – тоа е растение од иста група како кељот или брокулата, но најчеста форма за јадење е прашок кој може да се стави на оброците или смути. За некои овој прав е познат како „вијагра“, а истражувањата покажуваат дека тоа можеби е точно. Во една мала студија на група мажи со еректилна дисфункција им била дадена мака или плацебо 12 недели. На крајот од 12 недели, мажите кои ја примиле маката пријавиле зголемен сексуален нагон и севкупна сексуална благосостојба.

Црвен женшен

Вообичаено коренско растение кое расте во многу азиски земји е познато како афродизијак. Овој корен можете да го купите во цели парчиња, како капсула, екстракт или во форма на прав. Одредени чаеви може да содржат и црвен женшен како главна состојка. Истражувањата откриле дека оваа билка има голем број потенцијални здравствени придобивки, почнувајќи од заштита на кардиоваскуларниот систем, зајакнат имунитет, антиоксидантни својства и да, дури и способност да го зголеми либидото.

Бобинки

Според Јанг, бобинките се уште една храна што треба да ја додадете во вашата чинија како афродизијак – особено капините.

„Тие се генерално здрави и можат да им помогнат на мажите да одржат ерекција, бидејќи храната богата со флавоноиди (капините се особено полни со нив) се поврзани со помал ризик од еректилна дисфункција“, вели Јанг.

Ако барате дополнителен поттик во спалната соба, овие намирници можат да ви помогнат. Меѓутоа, ако имате повторливи проблеми поврзани со либидото, разговарајте со вашиот лекар или друг медицински професионалец за да одлучите која од следниве билки е најдобра за вас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот