Седницата за Законот за ЈО закажана во 15 часот

По оваа седница, ќе следува и седницата за распуштање на Собранието, која пак треба да се одржи до недела во полноќ.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери и координаторите договориле седницата за Законот за Јавно обвинителство да се одржи денеска, брифираат за „Слободен печат“ собраниски извори.

Пратениците се повикани во 15 часот да бидат во своите канцеларии, но неизвесно е во колку часот ќе почне седницата.

Законот за Јавно обвинителство претходно помина на Комисијата за европски прашања и Законодавно-правна комисија, а следува гласање на пленарната седница.

Расправата за законот се очекува да заврши денеска, евентуално да се гласа денеска, но можеби и следните денови. Собранието треба да се распушти најдоцна до недела, со цел да се запазат роковите за одржување на предвремените парламентарни избори, на 12 април.

Двотретинско мнозинство е потребно за законот за ЈО, кој не е официјален  услов за добивање датум за почеток на преговори со ЕУ, но сепак од високите европски претставници се споменува како позитивен сигнал кој би можел да го придвижи процесот.

Неизвесно е и дали опозициската ВМРО-ДПМНЕ, чии пратеници утрово во пакети до собраниските служби доставиле околу 5.000 амандмани ќе учествуваат на седницата.

По оваа седница, ќе следува и седницата за распуштање на Собранието, која пак треба да се одржи до недела во полноќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот