
Седницата за реорганизација на ресорите во владата закажана за в петок
Собранието се подготува да ги донесе и првите законски измени по конституирањето. Од прес службата информираа дека за в петок е закажана седницата на чиј дневен ред е и Предлог на законот за реорганизација на органите на државната управа, по скратена постапка, предложен од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, пратеник и извесен мандатар, Христијан Мицкоски.
Препорачано
Како што стои на собраниската веб страна, на дневен ред на оваа седница се и две други точки – Верификацијата на мандат на пратеници во Собранието на Македонија и Предлог на одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието.
Во образложениетo за законските измени е наведено дека целта е реорганизација на министерствата и органите на државната управа, на начин што ќе овозможи нивно правилно функционирање.
– Реорганизацијата на министерствата и другите органи на државната управа се врши со цел прилагодување на нивната работа на современите потреби на функционирањето на органите на државната управа, особено во смисла на поставување на поголем фокус на работите во областите на енергетиката, минералните суровини, рударството, како и на спортот. Во смисла на надлежностите, министерствата добиваат појасни надлежности, се разграничуваат испреплетените надлежности помеѓу постојните министерства и се овозможува простор да рамковното регулирање на органите на државната управа биде точно утврдено со материјални закони, се посочува во образложението.
Министерство за енергетика и министерство за спорт, и поразлична распределба на секторите во владата според Христијан Мицкоски ќе придонесе за поголема ефикасност во работата на институциите.Законот за кој е потребно двотретинско мнозинство се очекува на седница да се најде во петок, а веќе во понеделник на се гласа.