Фото: МИА

Седницата на Судски совет презакажана за во 13 часот, состојбата е тензична меѓу членовите

Седницата на Судскиот совет којашто првично беше закажана за денеска во 11 часот е одложена и ќе почне во 13 часот. На седницата треба да се избере нов предсетател, откако заменикот Селим Адеми вчера на незаконски начин ја разреши Весна Дамева.

Медиумите сè уште не се повикани да влезат внатре. Според информациите на терен, членовите на Советот имаат колегиум, а од канцелариите се слушаат и караници меѓу нив. Пред зградата на Судскиот совет порај новинарски екипи има и претставници од невладини организации.

Дамева изјави дека таа денеска не е поканета да присуствува на седницата.

Не добив покана јас како член на советот за присуство на седницата. Прочитав на сајтот дека закажал седница. Што да очекувам јас од седницата после циркусот што се случи со моето незаконско разрешување – изјави таа за „А1он“.

„Сите за правично судење“: Судскиот совет не ја испочитува процедурата за разрешување на Весна Дамева од функцијата претседател

За разрешувањето на Дамева гласаа седум членови – Селим Адеми, Миљазим Мустафа, Ханиф Зендели, Мирсад Суроји, Сашко Георгиевски, Лорета Георгиева и Павлина Црвенковска, по што заменик-претседателот констатира дека актуелната претседателка е разрешена и веќе не може да раководи со седницата и ја закажа денешната за избор на нов претседател.

Разрешувањето на Дамева предизвика реакции во јавноста и кај експертите во правосудството дека всушност станува збор за непочитување на процедурата.

Директен повод за разрешување на Дамева било нејзиното одбивање да стави на дневен ред нова точка, по што нејзиниот заменик Адеми иницираше гласање за нејзина смена, а причината наводно била дека го криела писмото на амбасадорката на САД, Анџела Агелер, испратено на 11 април, во кое таа изразува загриженост поради одлуката на Апелацискиот суд – Скопје да врати во првостепена постапка на повторно судење неколку предмети од, како што наведува, високи профили.

Дамева по седницата оцени дека „Советот е претворен во анархија“, а одлуката за нејзиното разрешување ја оцени како противзаконска и дека таа е донесена за да се задоволат „одредени поединци од политиката“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот