Емануел Макрон/ Фото: Blondet Eliot -POOL / Sipa Press / Profimedia

Седнаа на обвинителна клупа екстремистите кои планираа со нож да го убијат Макрон

Во Париз денеска почна судењето на членовите на екстремно десничарската група, кои се обвинети за заговор за убиство на францускиот претседател Емануел Макрон и обид за државен удар.

Обвинителите тврдат дека членовите на групата наречена „Ле Баржол” (Les Barjoles) планирале да го нападнат претседателот со нож за време на официјалната посета на североисточна Франција во ноември 2018 година.

Детективите, кои прислушувале телефонски разговори за време на четиригодишната истрага, тврдат дека имало и планови за убивање мигранти и напади врз џамии, како и докази за антисемитизам, но ниту еден од наводните заговори не бил реализиран.

Адвокатите на одбраната тврдат дека заканите на групата биле само разговори и дека нема конкретна или непосредна закана по Макрон.

Отсуството на какви било кривични дела ги наведе обвинителите да ги намалат обвиненијата против 12-те осомничени мажи и жени, на возраст меѓу 26 и 66 години, на заговор за извршување терористички чин.

Обвинетите ако бидат осудени можат да бидат казнети со десет години затвор.

Националистичка и антиимигрантска група „Ле Баржол” е формирана на Фејсбук на почетокот на 2017 година.

Апсењата уследија по дојавата до француските безбедносни служби дека екстремно десничарски активист со седиште во регионот на Алпите планирал напад врз Макрон во ноември 2018 година за време на комеморациите за Денот на примирјето во Првата светска војна во Верден

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот