Фото: Слободен печат, Драган Митрески

Се зголемува бројот на туристи во земјава

Во септември годинава во земјава се евидентирани 134.829 туристи, од кои 24.6% се домашни, а 75.4% се странски туристи, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќевањата во септември 2024 година изнесува 262 632, од кои 31.9 % се од домашните, а 68.1 % од странските туристи.

Во периодот јануари – септември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8.3 %. Кај домашните туристи има намалување за 1.2 %, а кај странските има зголемување за 14.2 %.

Во периодот јануари – септември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5.0 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2.2 %, а кај странските има зголемување за 8.8 %.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот