Туристи се сликаат/фото Слободен Печат/Слободан Ѓуриќ

Се зголемува бројот на странски туристи во земјава

Во земјава во март годинава се евидентирани 70 902 туристи, од кои 22.0 % биле домашни, а 78.0 % странски туристи, соопшти Државниот завод за статистика

Бројот на ноќевањата во март 2025 година изнесувал 132 015, од кои 28.0% се од домашните, а 72.0 % од странските туристи.

Во периодот јануари – март 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 10.6 %. Кај домашните туристи има намалување за 9.2 %, а кај странските зголемување за 21.9 %.

Вкупниот број на ноќевањата, пак, е зголемен за 9.1 %, така што кај домашните туристи има намалување за 7.8 %, а кај странските зголемување за 21.7 %.С

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот