Фото: Противпожарно возило / илустрација

Се запали кафеана во Лисиче, сопственикот е повреден

Пожар избувнал синоќа во угостителски објект во Лисиче, а сопственикот е примен во болница поради изгореница и вдишан чад, соопшти полицијата.

„На 18.05.2025 во 21:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во угостителски објект во нас.Лисиче, скопско. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат. Притоа, поради изгореница на раката и вдишување на чад, сопственикот на објектот Ф.Д.(32) е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош. Извршен е увид“, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот