Фото: Креирана илустрација

Се запали бојлер во Карпош, пожарникарите на терен

Во скопската општина Карпош во понеделникот утрината избувнал пожар во семејна куќа на улицата „Скупи“ број 6, каде што бил зафатен електричен бојлер, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Пожарот бил пријавен околу 09:50 часот, а целосно изгаснат до 10:40 часот.

На терен интервенирале тројца пожарникари со едно противпожарно возило кои го гаснеле запалениот електричен бојлер на површина од 4 метри квадратни во куќа на ул. „Скупи“.

Материјалната штета од пожарот се проценува на околу 9.000 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот