Чадење во Трубарево / Фото: ДЗС

Сè уште има чадење во Трубарево, се фрла специјална пена врз песокот, вели Ангелов

Од опожарениот простор во Трубарево има слабо чадење од само неколку места кои веќе се затрупани, информираше утрово директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

„Се фрла специјална пена врз песочната покривка за целосно сопирање на чадењето“, рече Ангелов.

Од Јавното обвининителство синоќа информираа дека не е детектирана радијација и дека контаминацијата е хемиска, по пожарот во објектите за рециклирање отпад во селото Трубарево.

ОЈО: Радијација не е детектирана, контаминацијата е хемиска по пожарот во Трубарево

Институот за јавно здравје соопшти дека нивниот автоматски систем за мерење на радијација во воздухот работел непрекинато од 7 до 14 септември 2025 година и не покажал зголемени вредности на станицата во Скопје.

Судија на претходна постапка им одреди краткотраен притво на четири лица поради пожарот, кои доцна синоќа беа спроведени во судот. Четворицата се осомничени за кривичното дело до чл. 230 ст.3 вв со ст. 1 од КЗ, односно Загрозување на животната средина и природата со отпад.

Притвор од 48 часа за четворицата приведени за пожарот во Трубарево

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот