
Се уште активен пожарот кај месноста „Петлец” над беровско Русиново
Се уште е активен пожарот кој вчера попладне избувна на месноста „Петлец” над беровското село Русиново. Командирот на ТППЕ Берово, Сашко Руменовски информира дека во моментот во гаснењето учествуваат екипи на противпожарната служба и беровското Шумско стопанство.
Препорачано
– Во пожарот на Петлец, кој се уште е активен, зафатени се предели со папрат и јасика. Во гаснењето на пожарот покрај екипа на ТППЕ Берово учествува уште една единица од Шумското стопанство. Пожарот е со голем обем и раширен е на поголема површина. Дополнителни тешкотии во гаснењето ни преставува силниот ветер и непристапниот терен, вели Руменовски.
Штетите не се во големи размери, бидејќи во пожарот горат папрат и висока трева. За целосно локализирање на пожарот, како што додава, добредојдена е секоја помош и вклученост за негово гаснење.
– Остануваме на терен се до целосно ставање под контрола на пожарот и уште еднаш апелираме до граѓаните на одговорно однесување во природата, додаде Руменовски.
Пред два дена во шумски пожар изгореа пет декари млада шума во близина на туристичкиот комплекс Аурора кај Беровско Езеро.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
54мин
-
8час
-
8час
-
8час
-
8час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5