Димитар Ковачевски, премиер/Фото: Скриншот

Се укинува прогресивното оданочување, хонорарците доброволно може да плаќаат придонеси

Се укинува прогресивното оданочување, не се предвидуваат нови даноци, данокот на личен доход останува со единствена стапка од 10 проценти и нема да се оданочуваат каматите на депозитите на штедни влогови, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. Тој рече дека даночната реформа почнува да се имплементира од 1 јануари.

– Зборот праведност е клучен во даночната реформа. Таа треба да обезбеди даночен систем кој ќе биде ефикасен, праведен, со поголема транспарентност и со нагласена борба против сивата економија. Истовремено ќе имаме и зелено оданочување- рече Ковачевски.

Во однос на хонорарците, тој рече дека тие ќе имаат можност доброволно да плаќаат придонеси за пензиско и здравствено осигурување. Притоа, ќе има посебна платформа, затоа што тие немаат постојани вработувања.

Во однос на данокот на добивка, доколку добивката не се реинвестира, а тоа се искористи како даночно ослободување, ќе се применат многу високи казни, за да се избегнат злоупотребите.

– Дополнително, ќе има оданочување на екстра профитот на компаниите кои во време на криза оствариле поголема добивка – откри премиерот.

Тој информираше дека новина во однос на повласетените даночни стапки ќе биде тоа што за подобрување на репродуктивното здравје на жените и за поголема достапност на средствата за менструлан хигиена, тие ќе имаат стапка од 5 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!