Фото: EPA-EFE/DIMITRIS TOSIDIS

Се удави српски турист во Грција: Еве зошто и искусни пливачи може да настрадаат во Сарти

Жител на Горњи Милановац на возраст од 53 години настрада денеска во грчкото летувалиште Сарти, објави порталот гминфо.рс.

Трагичната вест ја потврдиле од претпријатието во кое несреќниот З.В. работел и известиле дека ќе се погрижат околу сопругата и детето на починатиот, кои се во Грција.

На Фејсбук страницата Никана.гр. денеска е објавено дека бањањето на градската плажа во Сарти овие денови не е безбедно.

„За жал, последните денови во Сарти се удавија неколку луѓе. Утрово двајца и еден наш гостин од Србија. Брановите не се толку големи, но во некои делови се многу опасни, посебно околу средината на плажата. Тие прават премногу големи вдлабнувања во песокот и капачите можат лесно да го изгубат тлото под нозете. Се дават и искусни пливачи. Спасувачите предупредуваат, но на луѓето им се чини дека нема голема опасност. Ве молиме бидете внимателни“, стои во објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот