Се судриле скутер и велосипед во Штипско, моторџијата избегал и го оставил тешко повредениот велосипедист

Велосипедист од Штип е тешко повреден во судир со мопед на патот Штип-Радовиш, по што возачот на мопедот избегал од местото, соопшти полицијата.

„На 11.06.2025 околу 20:00 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш-Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед управуван од Д.Т.(40) од Штип и мопед, по што возачот со мопедот го напуштил местото на настанот. Со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот