
ФОТО | Се сеќавате ли на Сузан Бојл? Пред 16 години беше вистинска сензација, а сега никој не ја препозна на Вимблдон
Шкотската пејачка Сузан Бојл, која се прослави во 2009 година со нејзиното појавување на „Британија има талент“, ретко се појавува во јавноста, но сега по долго време објави нова фотографија.
Препорачано
На својот Инстаграм се пофали дека присуствувала на женското финале на тенискиот турнир Вимблдон помеѓу Ига Свјантек и Аманда Анисимова, каде што многумина дури и не ја препознале бидејќи се појавила во необична облека и фризура со шапка.
Сузан Бојл привлече големо внимание на јавноста во 2009 година кога ја отпеа песната „I Dreamed a Dream“ на муичкото шоу за таленти и за само 72 часа собра повеќе од 2,5 милиони прегледи на Јутјуб. Настапот сега има повеќе од 263 милиони прегледи.
View this post on Instagram
Потоа стигна до финалето, каде што го освои второто место. Во текот на кариерата собра бројни обожаватели и заработи 22 милиони фунти, но продолжи да живее скромен живот. Таа сè уште живее во својот дом од детството во Западен Лотијан.
Пред околу десет години ѝ беше дијагностициран Аспергеров синдром и епилепсија, а во април 2022 година доживеа благ мозочен удар. По интензивната рехабилитација, таа се врати на сцената, вклучувајќи го и емотивниот настап на „Британија има талент“ во јуни 2023 година, каде што ја изведе песната што ја направи позната.
Во пролетта 2025 година, таа го прослави својот 64-ти роденден и го најави своето големо враќање на светската музичка сцена.
„Се вратив во студиото за снимање за првпат по шест години – нешто што ми беше кажано дека можеби никогаш повеќе нема да можам да го направам. Но, еве нè, повторно на моето среќно место! Сакам да ѝ се заблагодарам на мојата менаџерка Џералдин што ми беше поддршка низ сето тоа и ми помогна да се вратам таму каде што припаѓам“, напиша таа неодамна на Инстаграм.
ВИДЕО+ФОТО | Сузан Бојл по 14 години на сцената на „Британија има талент“: „Преживеав мозочен удар“