Општина Кисела Вода

Се санира улицата Јанко Мишиќ во населбата Драчево

Општина Кисела Вода започна со санација на улицата Јанко Мишиќ. Според најавите од оваа скопска општина, во наредните 10-тина дена на оваа фреквентна улица лоцирана во јадрото на населбата Драчево ќе се гребе оштетениот асфалт и целосно ќе се замени со нов.

– Продолжува градежната офанзива низ улиците во Општина Кисела Вода со која ќе бидат опфатени сите месни и урбани заедници. Конкретно, на улицата Јанко Мишиќ започнуваме со активности за целосна замена на оштетениот и дотраен асфалт со нов. Се работи за потег од околу 700 метри на кои никогаш не е интервенирано, никогаш не е извршена никаква реконструкција, никаква санација, иако оваа улица, поради својата местоположба е една од пофреквентните во населбата – изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски при денешниот увид во отпочнувањето на градежните активности за санација на улицата Јанко Мишиќ.

Според градоначалникот, за десетина дена санацијата на улицата комплетно ќе биде завршена, а градежните активности за подобрување на патната инфраструктура интензивно ќе продолжат низ целата општина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот