Фото: Општина Гази Баба

Се реконструира отворениот канал во Стајковци

Општина Гази Баба ја реализира првата фаза од реконструкција на отворениот канал за атмосферските води на улицата Антон Велковски во Стајковци.

Ова е реализација на првата фаза од проектот и опфаќа реконструкција на 430 метри од каналот. Вредноста на проектот изнесува 10.100.000 денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Гази Баба, вели градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.

Со зафатот ќе се направи регулација на атмосферските води, со што ќе се спречат можните последици од обилни врнежи на дожд. Истовремено, со овој проект се решава уште еден децениски проблем на жителите од Стајковци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот