kejston press

Се прослави како принцезата Леа од „Војна на ѕвездите“, беше во тајна врска со Харисон Форд, а животот трагично ѝ заврши (ФОТО)

Во книгата за животот на глумицата Кери Фишер, која засекогаш ќе остане во срцата на фановите како принцезата Леа од „Војна на ѕвездите“, се наведува дека загубата на детето бил еден од најтешките моменти во нејзиниот живот, но и дека немала поддршка од сопругот.

profimedia

Кери завршила во болница откако е откриено дека дошло до вонматерична бременост. Глумицата била во опасност и претрпела болна операција и две недели се опоравувала во болница, во физичка и психичка болка. Била скршена поради загубата на бебето. Но поддршка од сопругот немала.

Пол Симон, кој кратко бил нејзин сопруг, воопшто не сочувствувал со неа, а ниту еднаш за тие две недели не ја посетил во болница.

Youtube

„Беше мнлгу ладен кон неа во тоа време. Се чинеше дека е преокупиран со сосема други работи и воопшто не мислеше на неа. Таа сметаше дека соживеала искуство блиско до смртта, а тој не само што не сочувствуваше со тоа низ што помина, туку дури ѝ беше лут што го изгуби бебето. Тогаш Кери знаеше дека нивниот брак е готов.“, пишува во книгата за нејзиниот живот.

„Многу е едноставно, таа веќе тогаш беше зависничка, а тој не. Му пречеше нејзината независност. Всушност сакаше жена која би молчела и би го чекала дома да се врати“.

Фишер долги години од целиот свет криела дека три месеци била во врска со Харисон Форд, бидејќи тој тогаш бил оженет.

Фишер првпат зборуваше за тоа во автобиографијата во 2016 година.

Кога се запознале на аудицијата за „Војна на ѕвездите“ тој имал две деца со Мари Маркард, а се дружеле секој петок и заедно пушеле марихуана.

profimedia

Кери подоцна открила дека страдала зашто сите биле вљубени во неа, а таа го сакала само Харисон, но него не можела да го добие.

И додека Харисон престанал со практиката консумирање марихуана, Кери развила зависност од кокаин, а подоцна и од лекови.

Кога ѝ било дијагностицирано биполарно пореметување, почнала неконтролирано да зема лекови бидејќи со нив се „чувствувала нормално“. Психичките проблеми ги наследила од татко ѝ, кој исто така имал дијагноиза и бил зависник, но и од кого никогаш не добила татковска љубов.

Кери Фишер со мајка ѝ Деби/Profimedia

Познато е дека тој ја оставил нејзината мајка Деби Рејнолдс поради Елизабет Тејлор, па поголемиот дел од нивниот живот не биле во контакт. Наводно вечерта пред да се омажи со Симон, татко ѝ ѝ се јавил и ѝ барал пари за дрога.

profimedia

Кери се предозирала со комбинација со лекови за болки и за спиење, а во моментот на смртта во нејзиното тело се пронајдени траги од кокаин и хероин, а причината за смртта била затајување на срцето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!