Фото: ЦУК

Се прават заштитни обрачи низ шумите за заштита од пожари

Вработени во ЈП „Национални шуми“ ги чистат шумите, а потоа со механизација прават обрачи. Ова се дел од мерките што се преземаат за да не повторат шумските пожари од минатата година, кога изгореа илјадници дрвја, а угинаа дивеч и птици. Заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов вели дека правењето на заштитни обрачи низ шумите, лани се покажа како добра пракса, кога од целосно опожарување спасија неколку села лоцирани во подножјето на планината Серта.

– Во моментот активно работиме на прочистување на патиштата што ги имаме, на шумската патна инфраструктура, отворање нови патишта и средување на веќе постоечките. Тоа значи правење на заштитни обрачи за заштита од евентуални пожари, вели Михаилов.

Тој додава дека владини работни групи се фокусираат на изготвување Национална стратегија за заштита од пожари. Претходно направената анализа укажувала дека ниту една институција во државата соодветно не е подготвена да се бори со пламените јазици.

– Стратегијата вклучува набавка на она што никаде го нема. Значи ниту една институција не е подготвена за заштита од пожарите, вклучително почнувам од нас и сите други останати. Секаде се со дотраени возила, секаде се со опрема што малтене е неисправна и она што го кажав на почетокот, ги начекавме нашите вработени да гасат пожари буквално на влечки, во вистинска смисла на зборот. Ги начекавме со неподмирено здравство беа луѓето, појаснува Михаилов.

Лани во државава изгореа над 94.000 хектари, според податоците на Европскиот информациски систем за шумски пожари, програма Коперник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот