
Се потрошија сите 100 илјади ваучери за зимување во Србија
Поделени се сите 100.000 ваучери за субвенциониран зимски одмор во Србија во вредност од 10.000 динари, изјави денеска за Танјуг, Зоран Ѓорѓевиќ, в.д. генерален директор на Поштата на Србија.
Препорачано
Како што наведе, Владата на Србија со оваа одлука го одредила вистинското време и вистинската сума.
„Мислам дека ќе биде добро за нашиот туризам, но и за нашите граѓани кои ќе можат да се одморат на поприфатлив начин“, рече Ѓорѓевиќ и додаде дека се поминало во најдобар ред, без никакви проблеми, објави Каматица.
Тој посочи дека Владата на Србија годинава вклучила поголем број угостители, со оглед на тоа што лани поради големата побарувачка имало недостиг на капацитети.
„Минатата година прво беа пополнети капацитетите кои беа најинтересни, па луѓето не знаеја каде да одат“, рече Ѓорѓевиќ.
На прашањето која категорија граѓани најмногу се интересира за ваучери, Ѓорѓевиќ рече дека се уште ги нема тие информации. Тој додаде дека голем број граѓани останале без ваучери, а се надева дека Владата ќе размисли да подели нов пакет туристички ваучери.
Во системот за доделување ваучери учествувале околу 4.400 ресторани низ Србија, а најголем интерес имало за бањските центри, пред се во бањата Сокобања и Врњачка, а потоа и во Златибор како планински центар.
Право на користење ваучери имаат вработени лица со приходи под 80.000 динари, невработени лица од евиденцијата на Националната служба за вработување, пензионери, лица постари од 65 години и не оствариле право на пензија, студенти, сопственици на земјоделски имоти и корисници на надоместоци за нега на други лица.