Бугарски пасоши / Фото: Архива на „Слободен печат“

Сè помалку Македонци бараат бугарски пасош, нè претркале Турци и Украинци

Во последните две-три години значително опаднал бројот на граѓани на Македонија што стекнале државјанство на Бугарија, што земјава ја ставило зад Украина, Турција и Молдавија, покажува извештај на Комисијата која работи во склоп на кабинетот на потпретседателката Илијана Јотова, пренесе БНР.

Се вели дека бројот на Македонци што добиле бугарски пасош лани е околу 1.700, со што од врвот на странци што станале државјани на Бугарија, Македонците паднале на четвртото место.

Во 2024 година лидери во тој поглед се Украинците со 2.436 добиени државјанства на Бугарија, пред Турците со 2.163 и Молдавците со 1.887.

Веднаш зад Македонците се државјаните на Албанија со 1.328, потоа на Србија, на Русија, на Израел, на Сирија итн.

Во првата половина од годинава нови Бугари станал 6.581 странец, а од 2019 година до 30 јуни 2025 година, бројот е 87.305.

Поради зголемениот интерес, кон крајот на јуни Владата во Софија десеткратно ја зголеми таксата за добивање или за обнова на бугарското државјанство – од 30 на 300 лева (околу 150 евра).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот