Меѓуградски автобус / Фото: Слободен Печат / Драган Митрески

Сè помалку луѓе во Македонија патуваат со автобус

Во вториот квартал годинава во патничкиот патен превоз превезени се 10 007 000 патници, што е намалување за 6.3 проценти во однос на истиот квартал лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Најголемо намалување од 27,7 проценти има во меѓународниот превоз, по што следуваат градскиот превоз со пад од 10,6 проценти, меѓуградскиот со 5,2 проценти, како и приградскиот со 3,5 проценти.

Вкупниот број на патничките километри во втоорто тримесечие од годинава е 256 889 000 и е зголемен за 19,3 проценти во однос на истиот период од претходната година. Во градскиот превоз е зголемен за 35,4 проценти, во приградскиот превоз за 9,1 процент, во меѓународниот за 32,5 проценти, а намалување од 0,2 проценти е регистрирано во меѓуградскиот превоз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот