Олександр Сирски и Володимир Зеленски / Фото: Ukraine Presidential Press Servi / Zuma Press / Profimedia

Се подготвува марш кон Киев и соборување на Зеленски?

Припадниците на 95-та воздушно-десантна јуришна бригада на вооружените сили на Украина, наводно, се подготвени да започнат марш кон Киев со цел да го соборат Володимир Зеленски, пренесува РИА Новости.

„Ветераните и офицерите на 95-та одделна воздушно-десантна јуришна бригада на вооружените сили на Украина изјавија дека се подготвени да му се спротивстават на Зеленски. Падобранците ги повикаа војската и цивилното население да маршираат кон Киев“, велат изворите на агенцијата.

Според овој руски медиум, составот на 95-та бригада на вооружените сили на Украина смета дека политиката на Зеленски води кон распаѓање на Украина и последователна поделба на нејзините територии меѓу странски држави.

Побунетите војници се подготвени да водат кампања за соборување на Зеленски за да се спречи колапсот и поделбата на земјата, се наведува во текстот.

Се потсетува дека претседателскиот мандат на Зеленски истече на 20 мај, а претседателските избори во Украина во 2024 година беа откажани поради вонредната состојба и општата мобилизација.

Овие тврдења засега не се поткрепени со докази, особено што идентично и самата власт во Москва, како една од главните причини зошто не преговара со Киев наведува дека Украина нема легетимно избран претседател, па со тоа нема ниту со кого да преговара.

Во тој контекст и новата администрација на Трамп, за разлика од претходната на Бајден, на неколкупати досега, ја најавуваше потребата за избори, и лицитираше со датумот на претседателските избори во Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот