Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Се пензионираше поранешниот англиски репрезентативец Бен Фостер

Искусниот голман Бен Фостер објави крај на кариерата на 40-годишна возраст.

Голманот кој пет години помина во Манчестер Јунајтед и своевремено бранеше и за англиската репрезентација се пензионира како играч Врексам.

Пред пола година Фостер одлучи да ја го прифати повикот од Врексам, но по само пет натпревари во новата сезона одлучи да стави крај.

„Моите настапи оваа сезона не се на посакуваното ниво и затоа мислам дека е вистинско време да се повлечам. Не сакам да мислам само на себе, туку и на клубот, па сакам да ослобам простор да пристигне нов голман до крајот на преодниот рок“, изјави Фостер за официјалниот сај на клубот.

Фостер дел од Манчестер Јунајтед беше пет години (2005-2010), но во тој период како резервен голман запиша само 12 натпревари. Во клупската кариера настапуваше уште за Вотфорд, Бирмингем, ВБА и Стоук. Дресот на англиската репрезентација го носеше на осум натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот