Фото: Министерство за внатрешни работи

Се олеснува постапката за купување муниција за оние кои поседуваат дозвола за оружје

Со новите измени на Законот на оружје, стапи на сила новиот систем за набавка на муниција со кој граѓаните кои легално и со дозвола поседуваат оружје ќе можат да ја набавуваат потребната муниција директно во овластените продавници, информираше денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

 Согласно измените на Законот за оружје, стапи во сила новиот систем за набавка на муниција. Со него, граѓаните кои поседуваат оружје ќе можат да ја набавуваат потребната муниција директно во овластените правни субјекти. Повеќе не е потребно претходно одобрение за набавка на муниција – соопшти Тошковски.

Тој додаде дека истовремено, преку централен електронски систем, Министерството ќе врши постојана контрола и увид во количините на муниција што се набавуваат, во согласност со законски утврдените ограничувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот