EPA-EFE/RONALD WITTEK

Се огласи сопственикот на Хокенхајм: Не знам што сакаат тие идиоти

Дитмар Хоп е збунет поради анимозитетот кој навивачите на стадионите ширум Германија го искажуваат кон него.

Вчера навивачите на Баерн Минхен и на Борусија Дортмунд, а денеска тие на Унион Берлин го навредуваа сопственикот на Хокенхајм, Дитмар Хоп.

– Имам многу работа, седам на работната маса и ги завршувам своите обврски. Сево ова, за жал премина во нова димензија. Видев и почувствував солидарност на дело и тоа е голема помош за мене. Кога би можел да претпоставам што тие идиоти сакаат од мене, би ми било многу полесно да разберам што се случува. Не можам да си објаснам поради што не ме сакаат и тоа потсетува на некои мрачни времиња – изјави Хоп кој додаде дека нема намера да се повлече како и да разговара со навивачите.

– Не сакам да разговарам со такви луѓе. Тие живеат во некој друг свет. Со такви луѓе ниту сакам, ниту можам да разговарам и не би имал претстава што да им кажам. Зашто не би требало да одам на сопствениот стадион? Баш сакам да видам што ќе се случува во иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!