Путин/ фото: Принтскрин Јутјуб

Се огласи Путин, прва изјава по нападот на Украина: Она што се случи е присилна мерка

Путин денеска пред претставниците на руската бизнис заедница рече дека „Москва немала друг избор освен на дејствува во Украина и руските партнери треба да го разберат тоа и да не ги истуркаат од системот“, пренесува Спутник.

Путин исто така рекол дека треба да им се даде поголема слобода на претприемачите „но и дека не може да предвиди геополитичките ризици“.

Тој призна дека иако состанокот со претставниците на бизнис заедницата бил претходно планиран, сепак се одвивал „под нестандардни околности“.

-Она што се случи е присилна мерка, рекол Путин за „воената операција“ во Украина.

-Не ни останија никакви шанси да направиме поинаку. Безбедносните ризици се создадени така што беше невозозможно да се одговори со други средства, порача тој.

Путин рано во четвртокот рече дека „одлучил да покрене специјална воена операција“. Според агенцијата Спутник, тој ситуацијата ја нарекол „живот и смрт“ за Русија по годините кои ги поминале опкружени со НАТО земјите. Недолго по неговото обраќање, светските медиуми започнаа да пренесуваат извештаи за експлозии ширум Украина.

Извештаите зборуваат за тоа дека Русите се само на 15 километри од Киев, додека НАТО разместува дополнителни сили на исток и има 100 авиони во приправна состојба. Кремљ во четвртокот соопшти дека воената операција против Украина ќе трае колку што треба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот