
Се огласи компанијата „Пофикс“, чијашто фабрика гореше во Тетово: Не знаеме како избил пожарот
Компанијата „Пофикс“, чии простории денеска гореа во големиот пожар на излезот од Тетово, преку објава на Фејсбук соопшти дека причините за пожарот сѐ уште не се познати, но според нив, она што е од витално значење е фактот дека не биле загубени животи.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Во оваа прилика јавно им се заблагодаруваме на противпожарните екипи, на градоначалникот на Тетово и на полицијата, кои максимално работат на терен, како и на граѓаните и бизнисмените на Тетово кои се вклучија во гаснењето на пожарот“, стои во соопштението на компанијата.
Екипа на армијата за заштита од атомско, хемиско и биолошко оружје денеска констатирала дека во воздухот нема штетна концентрација на отровни гасови, а градоначалникот на Тетово Билал Касами најави дека и утре ќе продолжат да ја следат состојбата. Во интервенциите, во кои учествуваа противпожарни единици од Тетово, Скопје, Куманово и Кавадарци, тројца пожарникари беа полесно повредени.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
9мин
-
12мин
-
23мин
-
37мин
-
49мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5