Фото: Принтсркин / Фејсбук

Се одложуваат двете изведби на „Глумците пеат“ закажани за 8 и 9 април во МНТ

Поради пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 59 луѓе, се одложуваат двата шоуа „Глумците пеат“, кои требаше да се одржат на 8 и 9 април во Македонскиот народен театар (МНТ), објавија организаторите.

„Ова шоу постои да носи радост и заедништво, но во моментов никој од нас нема сила за тоа.
Новите датуми ќе ги објавиме набрзо. Купените влезници ќе важат за новите термини“, се вели во соопштението.

На „Глумците пеат“ е предвидено да настапат триесетина врвни актери од сите генерации, придружувани од биг-бенд составен од извонредни музичари. Режијата е на Дејан Пројковски, музичките аранжмани на Бобан Мирковски, кореографијата на Олга Панго, а под диригентската палка на маестро Љупчо Мирковски. Култни филмови со кои пораснале многу генерации ќе бидат тема на „Глумците пеат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот