Британскиот премиер Кир Стармер / EPA-EFE/ANDY RAIN

Се истражува можна руска вмешаност во палежите на имотот на Кир Стармер

Британските разузнавачки претставници веруваат дека Русија прибегнува кон регрутирање странци за спроведување операции во западните земји.

Британските власти истражуваат можна руска вмешаност во палежите на два имота и возило поврзано со премиерот Кир Стармер, открива „Мејл он Сандеј“.

Двајца Украинци и еден романски државјанин веќе се обвинети за палење со намера загрозување на човечки живот, а полицијата тврди дека тие дејствувале во соработка со „непознати“ лица.

Според извори, британската агенција за внатрешна безбедност МИ5 сега испитува можни врски меѓу тројцата мажи и режимот на Владимир Путин, што – доколку се потврди – би претставувало сериозна ескалација на веќе напнатите односи меѓу Лондон и Москва.

Според неделеното издание на „Сан“, еден грузиски ресторан во Лондон е во центарот на истрагите.

Британските разузнавачки службеници проценуваат дека Русија, по масовните протерувања на шпиони од европските земји, прибегнува кон регрутирање странци за извршување операции во западните земји.

Иако Скотланд Јард одби официјално да коментира за случајот, извори во Метрополитенската полиција наведуваат дека „ги држат сите опции отворени“ во врска со трите опожарувања.

Владин извор за „Мејл он Сандеј“ изјави дека истражителите сè уште не ги „поврзале точките“ што би докажале директна врска со Кремљ. Во исто време, се испитува можноста за вмешаност на други руски елементи, како што се паравоени организации или криминални мрежи, кои можеби ги регрутирале тројцата обвинети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот