Се градат 17 пристапни патеки до згради во Скопје Север

Општина Бутел започна со изградба на пристапни патеки до влезовите на станбените згради во населбата Скопје Север. Станува збор за 17 патеки кои се уредуваат со павер елементи.

 Ќе се реконструираат пристапните влезови на станбените згради и ќе се надмине проблемот со поплавување на влезовите. Градежното лето се одвива со силна динамика. Запазени се сите рокови и ветувања кон граѓаните – вели градоначалникот Дарко Костовски.

Според него, локалната самоуправа се залага за еднаков рамномерен развој на сите населени места во општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот