Фото: Град Скопје

Се формира зелен коридор на улицата Лазар Личеноски

На терен се обработува површината и се нанесува плодна почва, по што ќе се постави систем за наводнување и подигне тревник.

Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ работат на хортикултурно уредување и формирање зелен коридор на улицата Лазар Личеноски во непосредна близина на ЈП „Водовод и канализација“ на површина од 310 квадратни метри. Како што информираат од Град Скопје, на терен се обработува површината и се нанесува плодна почва, по што ќе се постави систем за наводнување и подигне тревник.

– Хортикултурно се уредува и јавната површина која се наоѓа на крстосницата меѓу улицата Бутелска и улицата Призренска, спроти црквата Св. Јован. Вкупната површина изнесува околу 790 квадратни метри. Интервенцијата се одвива етапно со отстранување на шутот и прекопување на старата почва, нанесување на квалитетна нова почва, поставување на систем за наводнување, садење вегетација и формирање тревник. На јавните површини што се уредуваат планирано е засадување зимзелени, листопадни садници и грмушки, а изборот е направен на видови кои покажуваат солидни резултати на дадената површина и функционално се приспособени во просторот – информираат од Одделението за односи со јавност на Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот