
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го блокираат законот за одбрана
Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митровски денеска ги обвини пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека го блокираат носењето на законот за одбрана на, како што рече, крајно лицемерен начин и на штета на државата и членството во НАТО.
Препорачано
Претходно, пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ информираше дека поднела измени на Законот за одбрана, но без членот што се однесува на промена на името на Армијата.
Според Митровски, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструктивните политики кои се на штета на граѓаните на Република Македонија.
– Со своето однесување ВМРО-ДПМНЕ го крши Уставот на државата и го става под ризик нашето членство во НАТО и создава ризик да испровоцира ново вето од Грција – обвини координаторот на пратеничката група на СДСМ.
Лицемерно е, додава тој, на Мицкоски и на пратениците да им пречи името Република Северна Македонија кога државата треба да стане 30. членка на НАТО, а да не им пречи кога во Европската народна партија се партија од Република Северна Македонија.
Митровски ги повика пратениците од опозициската партија да го поддржат законот за одбрана и да ги прекинат, како што кажа, политиканските лицемерни игри.
– Уставното име на нашата држава е Република Северна Македонија. Преспанскиот договор и уставните измени се клучен елемент во процесот на нашето зачленување во НАТО, без Договорот нема НАТО – тврди Митровски.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3мин
-
5мин
-
6мин
-
13мин
-
14мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5