СДСМ со дигитална акција ќе го шири гласот за најсилната европска опција

СДСМ најавува дигитална акција / фото: Фејсбук-страница на СДСМ

„Со новите технологии и преку социјалните мрежи, со посветеност и здружени сили работиме за победа на најсилната европска опција во земјава. Секој член, секој поддржувач, секој граѓанин со европска и демократска мисла е добредојден и потребен во оваа наша заедничка битка,“ објави вечерва партијата СДСМ на официјалната фејсбук-страница.

СДСМ најавува дека се подготвуваат за најголемата дигитална акција, со план и платформа партијата да го рашири гласот за подобра, за европска, за безбедна и напредна Македонија.

„Го шириме социјалдемократскиот глас! Гласот за подобар живот, за подобри работни места и плати кои нема да престанат да растат,“ порачуваат од СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот