Фото: Сител

СДСМ работи на документот кој ќе ги содржи црвените линии, ќе биде готов оваа недела, најави Филипче

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче најави дека до крајот на неделата ќе биде готова работната верзија на декларацијата, која треба да ги содржи црвените линии во евроинтеграциите. Тој нагласи дека иако е предизборие, политичките чинители треба да седнат заедно на маса и да се формализира како ќе се продолжи понатаму во евроинтеграциите.

„Документот се изработува. Верувам дека до крајот на неделата ќе имаме една работна верзија. Ќе го прикажеме на многу чинители, сите политички партии, на нашите стратешки партнери, на јавноста, на експертската јавност, изјави Филипче на прес-конференција во Собранието.

Кога станува збор за националните, врвните државни интереси и стратешката цел на нашата земја – ЕУ, според Филипче тоа не треба да е предмет на препукување во дневната политика.

„Не калкулираме, нема итроштини, не правиме никакви трикови. Сметам дека доколку ВМРО–ДПМНЕ и премиерот имаат ваков сериозн пристап кон темата, а не гледам причина да немаат тогаш сметам дека ќе најдеме решение. Се што е направено во контекст на евроинтеграциите е направено во контекст на државните интереси“ истакна Филипче.

Претседателот на СДСМ вели дека одат чекор напред и сакаат да се постигне национален консензус на таа тема.

„Тоа што од нас го бара ЕУ, не го бара само Бугарија тоа е документ на ЕУ, на Брисел, практично е нешто што е резултат на бројни преговори на еден долготраен процес. Јас ја разбирам грижата на граѓаните, а тоа, меѓу другото, тие на некој начин и го изразија за време на минатогодишните избори кога во тој контекст така гласаа кога станува збор за СДСМ наспроти ВМРО–ДПМНЕ и сметам дека таа грижа на граѓаните не треба да ја оставиме на страна, исто така сметам дека во ниту еден документ не се загрозени ниту националните интереси, ниту е направено некакво предавство, посочи Филипче одговарајќи на новинарско прашање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!