Фото: СДСМ

СДСМ предлага седум економски мерки за „спас на стандардот на граѓаните“

На денешната прес-конференција потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски понуди седум мерки за спас на стандарот на граѓаните. Тој посочи дека како партија имаат проверени и конкретни економски мерки и на тој начин ќе се заштитат граѓаните од понатамошен пад на животниот стандард.

„Дозволете ми уште еднаш да ги претставам овие мерки, кои нашите пратеници ќе ги преточат во предлог закони и ќе ги поднесат во Собранието:

1. Намалување на ДДВ за електрична енергија од 18% на 5%.
Ова ќе значи намалување од најмалку 13% на сметките за струја. За едно семејство, тоа е заштеда од околу 400 денари месечно.

2. Намалување на ДДВ за основни прехранбени производи.
Во комбинација со замрзнување на цените и фиксирање на маржите, ова ќе донесе намалување на цените дури и до 30%.

3. Замрзнување на цените на основните производи.
Трите месеци стабилни цени ќе значат предвидливост за граѓаните и помала грижа како да ги распределат своите примања.

4. Фиксирање на маржите за основните производи.
Ќе ги спречиме манипулациите и злоупотребите од страна на трговците.

5. Итна примена на Законот за нефер трговски практики.
Овој закон, што го донесе СДСМ, ќе ги заштити граѓаните од злоупотреби и ќе обезбеди ред на пазарот.

6. Намалување на цената на „зелениот картон“ за автомобили.
Семејствата и малите бизниси ќе добијат олеснување, со годишна заштеда од 9 до 11 милиони евра.

7. Зголемување на платите во приватниот сектор со замрзнување на придонесите.
350.000 граѓани ќе добијат месечно зголемување на платите од 3.000 до 15.000 денари.

„Овие мерки се осмислени да делуваат брзо и ефикасно! Тие ќе го намалат притисокот врз вашите буџети, ќе донесат повеќе пари назад во секое домаќинство и ќе ја стабилизираат економијата“, кажа Илиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот