Фото: Слободен печат

СДСМ: Поставувањето на Христовски на чело на АНБ е личен избор на премиерот Мицкоски

Опозициската СДСМ преку соопштение и денеска реагира за поставувањето на Бојан Христовски за директор на Агенцијата за национална безбедност. Оттаму велат дека поставувањето на Христовски на чело на АНБ е личен избор на премиерот Мицкоски.

„Поставувањето на Бојан Христовски на чело на АНБ е личен избор на премиерот Христијан Мицкоски. Коалицискиот партнер Таравари ја потврдува во целост опасната партизација на АНБ. Дури и на оние на кои не им беше јасно сега им е кристално јасно сè. Поставувањето на Христовски на директорската позиција на АНБ е избор и директива на Мицкоски. Тој сака свој човек кој во целост ќе го контролира и ќе му служи само на него и на ДПМНЕ“ – соопштија денеска од опозициската СДСМ.

Од СДСМ го обвинуваат Мицкоски, велејќи дека „го враќа времето на директни злоупотреби на безбедносните служби во партиски и лични цели како што беше во минатото. Затоа по секоја цена се турка партиски кадар – претседател на Градски комитет на ДПМНЕ, близок до Мицкоски, спротивно на член 10 од Законот за АНБ и со бројни сомнежи дали воопшто ги исполнува критериумите за оваа позиција“.

„Бојан Христовски во едно интервју самиот призна дека нема безбедносен сертификат „Државна тајна“, а барањето за ваков сертификат го поднел дури откако беше назначен на директорската позиција. Се уште е отворено и прашањето дали Христовски воопшто има 5 години стаж на раководни позиции согласно законските услови или не? Во неговата објавена биографија недостасуваат прецизни датуми за неговото раководно искуство од 2012 до 2017 година. Не е потврдено ниту дали Христовски има вистински документ за соодветно познавање на англиски јазик. Затоа што документот што го приложил е од училиште во Пловдив Бугарија, а во Пловдив воопшто нема TOEFL центар за тестирање“, посочуваат од СДСМ.

Од СДСМ бараат Христовски да биде разрешен и да биде назначен нов директор на АНБ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот