
СДСМ: Пиштолџиите се дел од крвавото сценарио на Мицкоски, Ковачки и Таравари
„Ниту една лага од Белиот дворец не може да го сокрие фактот дека ВМРО-ДПМНЕ и структури на Алијанса за Албанците од Скопје блиска до Арбен Таравари создаваа крвави сценарија за меѓуетнички инциденти“, велат од СДСМ во соопштение поврзано со инцидентот кај плоштадот „Скендербег“ на протестите на 6 јули.
Препорачано
„Сите пиштолџии лица кои вперуваа и пукаа со пиштоли во Скопје се пронајдени и се санкционирани и сите до еден се или членови или блиски луѓе до структури на Алијанса. Наместо да прави конструкции, ВМРО-ДПМНЕ да излезе и да каже Дали неуспешниот пироман и армиски дезертер Драган Ковачки е лицето за контакт од ВМРО-ДПМНЕ за ова неуспешно сценарио? Зошто молчи Ковачки на прашањето дали ги координирал лицата со качулки пред Собранието и поранешни припадници на Армијата во насилното сценарио? Дали Арбер Таравари е лицето за контакт со структурите блиски до Алијанса во Скопје?“, прашуваат од СДСМ.
„Како што расте нервозата од неуспешното крваво сценарио на Мицкоски, Ковачки и Таравари така се зголемува и продукцијата на лажни вести, манипулации и конструкции од белиот дворец. Нервозни се затоа што и покрај сите нивни обиди за дестабилизација и покрај сите провокации и закани, граѓаните им го свртеа грбот и решија државата да продолжи по европскиот пат“, се додава во соопштението.