Орце Ѓорѓиевски - Фото Слободен печат / Методи Здравев
Орце Ѓорѓиевски - Фото: Слободен печат / Методи Здравев

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски е претседател на ЗЕЛС, па нека објасни зошто не се решени Дрисла и Вардариште

Секојдневно, стотици илјади граѓани се под закани на канцерогени материи, зашто неспособната власт на ВМРО-ДПМНЕ дозволи дивите депонии да станат еколошки бомби, обвинуваат од СДСМ.

На Скопје и на пола Македонија им се заканува еколошка катастрофа бидејќи четири години ВМРО-ДПМНЕ не мрднаа со прст да го решат проблемот со депониите, обвинуваат од СДСМ.

„Секојдневно, стотици илјади граѓани се под закани на канцерогени материи, зашто неспособната власт на ВМРО-ДПМНЕ дозволи дивите депонии да станат еколошки бомби. Неспособната ВМРО-ДПМНЕ и нејзините градоначалници се најголемата катастрофа за Скопје. Ветуваа дека ќе ги исчстат сите депониии и дека ќе најдат решение, по 4 години нема ништо од тоа. Резултатот е поразителен, задушен град и огромен ризик по здравјето на скопјани од канцерогени материи. Нели Орце Ѓорѓиевски е претседател на ЗЕЛС, зошто се крие? Треба да престане да бега, да излезе и да им каже на граѓаните зошто четири години не е решена депонијата Вардариште, зошто не е решена Дрисла, зошто ништо не е направено“, велат од СДСМ.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го загушија Скопје и ја трујат Македонија, се вели во соопштението на СДСМ, и токму тие се најголемите виновници за еколошката катастрофа што се случува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот